buntopsih
buntopsih
Дај, не фрлај
25 posts
Don't wanna be here? Send us removal request.
buntopsih · 6 years ago
Video
youtube
Одлично видео од редакцијата на 360 stepeni.
Повеке тука: https://360stepeni.mk/daj-ne-frlaj-aktivizam-na-sotsijalnite-mrezhi/
Линк до нашата група: https://www.facebook.com/groups/dajnefrlaj/
2 notes · View notes
buntopsih · 7 years ago
Text
Август 2018: за љубезноста
Tumblr media
Почитувани членови, групава е создадена со желба да се споделуваат материјални добра помеѓу луѓето. Ако имате нешто што не ви треба и не планирате да го користите, подарете го. Ваш избор е на кого ќе подарите и тоа треба да го направите самостојно. Другите членови може да се пријават, но не да препорачуваат на кого да се подари, кој заслужува или не и слично.
Вие што се пријавувате за подароците најмалку што можете да направите е да го подигнете подарокот сами, без условување на подарувачот. Пријавете се само ако навистина сте заинтересирани. Во спротивно само го оптеретувате подарувачот, му го одземате времето и го обесхрабрувате да подари повторно. На крај вие губите.
Бидете љубезни, културни, скромни и држете се до договорот зашто од вашата меѓусебна доверба зависи дали групата ќе функционира. Ве поздравуваме и ви посакуваме добро подарување.
1 note · View note
buntopsih · 7 years ago
Text
Јули 2018: за довербата
Tumblr media
Почитувани членови, ве потсетуваме да ги прочитате правилата, особено правилото бр 9. Откако ќе го сторите тоа, би сакале да се надоврземе и да поразговараме за нешто што подолго време не' мачи.
Како и се' друго во групава и остварувањето на тоа правило зависи од меѓусебната желба да си помогнеме, да бидеме добри и чесни едни кон други. Оваа група настана на тој принцип и како желба да се спротивставиме на идеите дека „овој народ не го бива,“ или дека нашата природа е да ги злоупотребиме, искористиме или измамиме нашите сонародници. Ние веруваме дека тоа не е така, дека дури и да се случи нешто такво, тоа е резултат на нашето лошо програмирање од страна на тешките вр��миња кои траат со децении и во кои сме приморани да се бориме за егзистенцијата. Ние веруваме дека во основа, како човечки битија, сите сме добри и сакаме да живееме во добра и праведна заедница со другите околу нас. Сега да бидеме конкретни.
Имаме сознанија од лично искуство, а и од поплаки од членови, дека подароците повеќе се бараат отколку што се земаат. Забележавме и ние дека кога нешто ќе се објави се пријавуваат голем број луѓе (приватно веројатно уште многу повеќе), а потоа се случува истиот подарок да се објави повторно зашто не бил подигнат.
Исто така, од наше и други искуства, тие на кои им се подарува често поставуваат услови каде да го подигнат подарокот, да им се однесе каде лично им одговара, да им се прати дома и слично. Ние сметаме дека ако ви е подарено нешто дека сте должни (сакако ако не сте спречени) да го подигнете подарокот таму каде што му одговара на подарувачот.
Групава е создадена за да шири една идеја во која што преку практично подарување ќе се шири доверба помеѓу луѓето, се работи за еден чин на добрина, поттикнат од сериозно и длабоко размислување за другите луѓе и околината. Оваа група НЕ Е наградна игра на која морате да се пријавите, за потоа да изгубите интерес откако ќе добиете. Ако сте навистина заинтересирани за нешто пријавете се и погрижете се да го подигнете.
Почитувани членови, оваа група зависи директно од вашата добра волја да подарите ако сте ветиле или да го земете подарокот ако сте се договориле со подарувачот, затоа што групава се засновува на принципот наречен „доверба“. Ако ја нема довербата реномето на групата паѓа, а со тоа и нејзината функционалност. Така помалку луѓе ќе подаруваат и на крајот ќе изгубите вие самите.
Размислете.
1 note · View note
buntopsih · 8 years ago
Text
Правила, правила...
Tumblr media
https://www.facebook.com/groups/dajnefrlaj/
1 note · View note
buntopsih · 8 years ago
Text
25.000 членови во октомври 2017
Tumblr media
Почитувани стари и нови членови, ја достигнавме бројката од 25.000 пред нашиот прв роденден. Нашата група може да се пофали со поголем број објави дневно и поголема активност, отколку други побројни групи. Освен тоа, нашата мисија е хумана и филозофска, но воедно и практична. Ви се заблагодаруваме пред се' вам, драги членови, зашто вие ја правите успешна групава. И за крај - „Дај, не фрлај!“
1 note · View note
buntopsih · 8 years ago
Text
Порака кон новите членови
Tumblr media
Драги нови членови, прочитајте ги правилата, почитувајте ги, бидете љубезни кон другите членови, споделувајте, подарувајте, барајте. Секој може да побара тоа што му треба, ако некој друг има а не му треба, ќе подари. И не заборавајте дека подарувањето е чин на грижа кон околината и другите луѓе, со кој што ја зголемуваме довербата помеѓу сите нас. Не сме пасивни потрошувачи, туку активни подарувачи. Не подаруваме само предмети, подаруваме добрина, внимание, грижа, свесност и совесност. И не заборавај, „Дај, не фрлај“.
1 note · View note
buntopsih · 8 years ago
Text
Подарени работи во октомври 2017
https://imgur.com/a/L9o4l
Tumblr media
Почитувани членови и минатиот месец беше успешен, имавме голем број подароци, исполнети подарувачи и среќни „добитници“. Оваа група функционира благодарение на вас и вашата желба да бидете активни жители во една средина која што се води според принципите на помагање, споделување и грижа. Независно од тоа дали подарувате или барате, на тој начин одбивате да бидете само пасивни консументи на готови „спакувани“ добра, но и вредности. Модерното општество секојдневно не' програмира како да бидеме дел од нејзините матрици и шеми на однесување, да се вклопиме во одреден профили или „таргет“ групи, да реагираме на дразби предодредени да не' заробат и да го контролираат нашето однесување. Со тоа што избирате да подарувате или примите подарок вие излегувате од предвидливата матрица на потрошувачко однесување и создавате една сосема нова возбудлива реалност, во која што владеат принципите на свесност, чесност, совесност, доверба и споделување. Ви благодариме и не заборавајте - „Дај, не фрлај.“
https://www.facebook.com/groups/dajnefrlaj/
1 note · View note
buntopsih · 8 years ago
Text
Порака до членовите
Tumblr media
Забележуваме тренд на нудење бесплатни услуги кои се наменети за социјално загрозени семејства и индивидуи. Навистина ��и почитуваме членовите кои го прават тоа и сакаме да ги поддржиме, но мораме да истакнеме дека оваа група нема хуманитарен карактер. Ние не ги делиме луѓето според критериуми, ниту им бараме потврди за примањата, за нас сите заслужуваат и сите треба да бидат дел од едно општество во кое што се помага, споделува и да се грижи за својот сограѓанин без разлика на неговиот пол, националност, вероисповед или социјален статус. Постовите во кои се нудат бесплатни услуги за исклучиво „социјални семејства“ може да ја одведат групата во друга насока. Ние не се залагаме за „исклучивост“ и сметаме дека секој има право да му биде подарено. Од таа причина на членовите кои ги нудат овие услуги им предлагаме да отворат нова група во која што ќе може да се објавуваат вакви постови. Бидејќи сметаме дека се работи за иницијатива која што навистина вреди, од нас за возврат ќе добиете шанса да ја промовирате вашата група на нашиот ѕид и да добиете поголемо членство. Ви благодариме за вашата убава иницијатива и ви посакуваме успех. И не заборавај, „Дај, не фрлај“.
0 notes
buntopsih · 8 years ago
Text
Текст за групата „Дај, не фрлај“ на порталот Окно
https://okno.mk/node/67317
Tumblr media
0 notes
buntopsih · 8 years ago
Text
Цел на групата „Дај, не фрлај“
Tumblr media
Нашата примарна цел е да изградиме култура на подарувањето, со што би сакале да се намали консумеристичкото однесување, но не само во буквална смисла. Што значи да се биде потрошувач? Тоа е оној кој што пасивно купува и не размислува за последиците на тој чин врз околината. Под „околина“ ја подразбираме природата, но и луѓето и просторот за живеење.
Подарувачот, од друга страна, активно учествува во градење на една филозофија и пракса на грижа, споделување, несебичност и создавање доверба помеѓу луѓето. Но, и тој што го прима подарокот е активен дел од овој систем и придонесува тој да функционира, зашто без него подарокот е бесцелен. Затоа подарувајте, барајте и градете доверба.
0 notes
buntopsih · 8 years ago
Text
Подарени работи во септември 2017
Tumblr media
https://imgur.com/doaZSfh
Мала статистика за подарени работи во септември 2017 во групата со коментар: „Почитувани членови, направивме мал графички приказ на работите кои вие ги подаривте само во месец септември 2017. Се што е подарено е ваша заслуга. Вие објавувате, комунициравте помеѓу себеси и се организиравте индивидуално. Нашата улога како создавачи на оваа група е одамна надмината. Се' што го постигнала групава е производ на вашата грижа за луѓето и околината, вашата желба да споделите и да помогнете на некој што не го познавате. Навистина е прекрасно да се биде дел од едно општество во кое постојат такви индивидуи. Ве поздравуваме и ви посакуваме среќно подарување. Од тимот на „Дај, не фрлај.“
0 notes
buntopsih · 8 years ago
Text
Повеќе од „подарување“
Tumblr media
Во септември ги потсетивме членовите на групата на следново:
„Почитувани членови, да ве потсетиме само дека групава не е создадена само заради подарувањето работи. Нашата цел е да ве потсетиме да не купувате кога нема потреба, да подарите кога нешто не ви треба и да размислите за вашиот удел во околината која што сите заедно ја делиме. 
Споделувањето е состојба на умот и начин на живот. Ограничување на непотребното купување и намалување на отпадот е цивилизациско постигнување на една средина, но средината ја сочинуваат поединци - луѓе како вас. 
Ако сте имале прилика да патувате сте забележале дека нашата земја е на прво место во количината на отпадоците по улиците во однос на сите други земји од регионот, а да не зборуваме пошироко. Што значи тоа? Дали е виновно општеството или секој од нас поединечно? 
Додека размислувате за тоа ќе ви раскажеме една куса приказна за едно дете кое сакало да фрли опаковка на улица, а мајка му не му дозволила. „Па што ако фрлам, тоа е само едно мало ѓубре?“ се бунтувало детето. Мајката го погледнала, се насмевнала и тивко му одговорила: „Кога сите би размислувале така, улиците би биле преплавени со ѓубре.“ Таа слика на улици прекриени со ѓубре оставила силен впечаток на детето и тоа се заколнало дека никогаш повеќе нема да фрли ништо на улица. 
Што е поуката? Не само да не фрламе ѓубре таму каде што не треба, туку и да се трудиме да создаваме помалку ѓубре воопшто. Пример, ако имате платнена кеса, не купувајте најлонска. Некои решенија се едноставни и само немарноста не спречува да ги примениме. 
За крај, ве замолуваме да замислите средина во која што сите подаруваат и споделуваат материјални добра помеѓу себе - колку би бил полесен и подобар животот за сите, нели.
https://www.facebook.com/groups/dajnefrlaj/
0 notes
buntopsih · 8 years ago
Text
За значењето на позитивното размислување
Tumblr media
Во септември во групата имавме изолирани негативни постови, на кои што одговоривме вака: „Драги членови, дали се прашувате зошто е полесно да се поверува во лошото отколку во доброто? Доброто е здодевно и не предизвикува реакција, додека лошото ни привлекува внимание на сите. Зошто објавите дека некој во групава искористува привлекуваат повеќе внимание и коментари од тие кои што зборуваат за добрината на луѓето. Зошто толку лесно се согласуваме со тоа дека овој народ сака да искористи, да излаже, да краде, а толку тешко дека сака да помогне, да сподели, да биде добар. Со децении сме програмирани да веруваме во лошото, наместо во доброто, зашто полесно е да се контролира исплашена толпа која нема доверба и која се плаши од сопствената сенка, отколку луѓе кои веруваат во себеси и во добрината на своите соседи. Не дозволувајте да ве искористат тие кои бараат внимание со збор наместо со дело, зашто вие решавате за судбината на групава. Денес видовме многу подарувања и големи подароци од членови кои заслужуваат пофалба. Да не дозволиме да ги засенат тие кои бараат внимание на полесен начин. Ако не ви треба нешто - подарете го, ако се сомневате во искреноста на другите - не подарувајте. Изборот е ваш. Наша цел е да ја градиме довербата помеѓу луѓето, еден по еден. Заедно можеме многу да направиме, но секој од нас треба да тргне од себеси. И не заборавај - дај не фрлај!
0 notes
buntopsih · 8 years ago
Text
„Да купиш е човечки, ама да подариш е божествено.“
Tumblr media
Приклучи се и ти на: www.facebook.com/groups/dajnefrlaj
0 notes
buntopsih · 8 years ago
Text
Подарувањето не е само давање предмети
Tumblr media
Подарувањето е состојба на умот и начин на живеење. Да споделиш значи да се откажеш од нешто што ти припаѓа за да може некој друг да го има. Но, и тој кога добива треба да знае дека се во животот е привремено и сите материјални добра имаат рок на траење. Само духовните вредности се вечни и остануваат во наследство на следните генерации. Затоа да ги учиме нашите деца дека треба да споделуваат, да се грижат за луѓето и за околината како што ние се грижиме за нив. Како што ние се однесуваме со околината (природата, предметите за јавна употреба, луѓето, воздухот, водата...), така и околината ќе се однесува со нас и ако сме се однесувале добро - ќе ни врати со добро. Подарете и ќе ви биде подарено.
0 notes
buntopsih · 8 years ago
Text
Ново лого и нови маици
Tumblr media
Во август 2017 избравме 5 членови на кои им подаривмемаици со новото лого на групата „Дај, не фрлај!“.
Критериумите според кои ги избравме се активност и често подарување во групата, како и разбирање на правилата, филозофијата и идеологијата на групата. Знаеме дека има уште многу членови кои заслужуваат ваков подарок, но располагаме со ограничен број маици.
Оваа група е создадена со цел да се намали потрошувачкото однесување и натрупувањето на отпадот, а да се зголеми довербата меѓу луѓето и споделувањето работи како начин на живот.
0 notes
buntopsih · 8 years ago
Text
Благодарност до членовите
Tumblr media
Почитувани членови на групата „Дај, не фрлај!“, ви благодариме што се грижите едни за други, што сте љубезни и трпеливи, што сочувствувате и ги разбирате другите. Никој тука не осудува никого и не го проценува според социјален статус, националност или религија. Сите заслужуваат подарок. Ви благодариме што ги зачувувате нашите принципи, што подарувате, не рекламирате приватни бизниси и не гледате лична корист. Исто така, лично сме ви благодарни што не очекувате од неколку луѓе т.н. админи и модератори да ја водат групава и наместо тоа сами преземате одговорност, зашто знаете дека само од вас зависи успешноста на групава. Ви посакуваме убаво подарување, во име на тимот на „Дај, не фрлај“.
0 notes