#АПСИ
Explore tagged Tumblr posts
nade2308 · 11 months ago
Text
Tumblr media
Убава си кога крвариш - конечно си ги собрав мислите за да напишам нешто за книгата. Уште една книга со несекојдневна приказна, а за крајот да не зборувам (можам да осетам Ацко како ме чека да лупнам некој спојлер со секоја следна прочитана книга).
Жанета, професорка во средно училиште, ја пронаоѓа својата ќерка Катерина мртва, прободена со копје и закачена на дрво, додека исто така наоѓа и свежо ископан гроб во кој е куклата Мила на нејзината внука Матеја.
Полицијата доаѓа на местото на настанот и ја апси Жанета, но таа нема поим како тие стигнале во колибата во шумата ниту како полицијата стигнала на местото, бидејќи ниту еден од нив нема телефон со нив, а и да би имал, сигналот е непостоечки.
Инспекторката Александра се обидува да открие која е вистината позади случајот, и зошто Жанета би си ја убила сопствената ќерка. Матеја е ставена во згрижувачко семејство, но сè што сака е да ја пронајде Мила и не зборува многу за случајот.
Тука е и тинејџерот Тео, кој протестира неговата професорка да биде пуштена од притвор.
Како се поврзани сите овие работи и кој е виновникот ќе оставам да откријат сите оние кои ја немаат прочитано книгата, тие што ја имаат прочитано знаат колку крајот е сосема необичен (во исто време тука е и фактот дека низ целата книга има моменти кога се навестува што навистина се случило).
Топла препорака од мене за книгата.
0 notes