iborndiaries
iborndiaries
Дневниците на ИБОРН
164 posts
Овој блог го пишуваме ние, практикантите во ИБОРН и претставува наш дневник за секојдневните доживувања, предизвици и авантури кои се случуваат за време на нашата пракса.
Don't wanna be here? Send us removal request.
iborndiaries · 1 year ago
Text
Tumblr media
Ја сменивме адресата! 🏠 Нашите дневници може да ги следите на: https://iborndiaries.net/
0 notes
iborndiaries · 1 year ago
Text
Дневникот на Јава
Meow meow meow, meow meow meow, meow. <3
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 1 year ago
Text
Дневникот на Матеа
Здраво, на сите!
Јас сум Матеа Иваноска, апсолвент на ФИН��И, а од минатиот месец ML практикант во BI/ML културата во IBORN.
Во текот на моите студии поле на особен интерес ми беше областа Data Science и изборот на предмeти кои ќе ги изучувам се движеше во оваа насока. Спроведувањето на практичната работа во IBORN преку работа на реален проект токму во културата МЛ, за мене преставува одлична можност за продлабочување на стекнатите теоретските знаења.
Во првите денови од мојата пракса, јас се запознав со алатките кои се користат на дневно ниво во iborn за ефикасно завршување на работните задачи. Најпрво се запознава со алатката Redmine за менаџирање на моите секојдневни активности и задачи, ги продлабочив моите знаења за моделот Git branching. Најголем временски период посветив на следење курсеви и читање документација за Bitbucket и Sourcetree, како модел за полесна интеракција со Git repositories.
Се запознав и со различни начини на креирање на виртуелни средини во Python, во различни развојни околини. Поминав курсеви за Python, со акцент на библиотеката pandas, за манипулација и анализа на податоци, како и библиотеката Plotly, за визуализација на податоци. Посветив внимание во областа Exploratory Data Analysis (ЕDA), следејќи повеќе курсеви за овој дел.
Последните две недели од месецот, беа наменети за воведување во проектот на кој ќе работам во наредниот период. Проектот се однесува на следење на перформасите на хотелската индустрија во Исланд, со цел да се добие слика за развојот на туризмот. Во таа насока направив анализа на општо користените индикатори за мерење на успешноста на индустријата кои би биле најсоодветни да се аплицираат согласно расположливите податоци. Во консултација со bi/ml културата ја дефиниравме насоката во која ќе се одвива моето истражување, го оптимизирав датасетот и започнав со потребните анализи.
Би сакала да истакнам дека голем впечаток во изминатиот период ми остави позитивната енергија која ја има IBORN ��оја е резултат на одличната организација и пред се на посветеноста на тимот на колеги кои се секогаш достапни за да дадат помогнат, да дадат совет, да споделат искуство.
Ми претставува особена чест што сум дел од оваа успешна приказна и со нетрпение чекам да се соочам со предизвиците кои ги носи вториот месец!
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Доне
Здраво уште еднаш!
Заврши и третиот и последен месец од мојот Ibornship. Овој месец завршивме со еден спринт и еве веќе сме при крај на другиот. Проектот започна да добива некој изглед.
Сите од тимот започнавме со работа на посебни сториња и епици. Јас работев и работам на епикот за Organization Overview кој си има неколку сториња во него. Почнавме да користиме NgRx за менаџирање на стејтот на нашата front-end апликација и RxJS за хендлање на API повиците. Овие 2 поима беа нешто сосем ново за мене, ама веќе можам да кажам дека прилично добро се снаоѓам во front-end програмирањето, и се разбира, секој ден учам нешто ново и го унапредувам моето знање. За back-end делот си продолживме со Spring и дизајнирање на добро REST API кое што се потрудивме да ги следи сите најдобри практики.
��а мене оваа пракса беше едно многу добро и позитивно искуство. Успеав да запознаам многу нови и прекрасни луѓе, работев во прекрасен тим со супер колеги. Најважно, успеав да научам многу нови работи, посебно за front-end програмирање, а и си го унапредив знаењето за работите кои што веќе ми беа познати. За крај, со огромно задоволство можам да споделам дека мојата професионална кариера започнува токму овде - во IBORN, станувајќи официјален дел од тимот.
Ви благодарам!
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Марија
Здраво на сите!
Во третиот месец продолжив со работа на новиот вебсајт на IBORN, односно со спојување и усогласување на визуелниот и функционалниот дел. 
Content-от од секциите на страните е динамички, поделен на properties кои се додаваат во фајлови во Compositions фолдерот во Document Types, со цел да може да бидат повторно употребувани за друга страна доколку има потреба. Дизајнот се имплементира со користење на Bootstrap framework и SCSS. Многу сум среќна што кариерата ќе ја продолжам во IBORN и официјално ќе станам дел од тимот којшто во секое време дава поддршка на сите членови. Подготвена сум да одговорам на предизвиците што следуваат!
Поздрав од мене, се читаме во некоја наредна прилика!
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Александра
Здраво на сите!
Дојде третиот и последниот месец од мојата пракса. За време на овој месец фокусот беше на развивање на веб апликација. Успеав да добијам увид како се работи на реален проект и кои се предизвиците со кои можам да се соочам. Одличната соработка и комуникација со менторката и колеги од тимот ми овозможи да се чувствувам слободно при решавање на било какви предизвици и исто така да го подобрам пристапот при решавање на понатамошни проблеми.
На апликацијата имав можност практично да ги применам и усовршам технологиите .NET и Angular кои беа нови за мене на почетокот на праксата.
За крај, среќна сум што тримесечната пракса резултираше јас да ја започнам мојата кариера овде и да бидам дел од тимот на ИБОРН. Благодарам, се читаме во следна прилика!
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Марија
Здраво уште еднаш!
Третиот и последен месец од мојата пракса заврши. Во текот на овој месец, фокусот се префрли на индивидуални user stories и епици, а јас ја имав можноста да работам епикот Employee Journey.
Тоа беше месец на посветеност, соработка и ставање на нашите колективни вештини во акција. Заедно, ја изградивме силната основа што ја воспоставивме за време на првичниот setup за проектот. Прифаќајќи ја моќта на NgRx и RxJs, ги стандардизиравме овие технологии како наши front-end defaults, овозможувајќи ефикасно да управуваме со состојбата и да управуваме со сложен проток на податоци. На backend, продолживме да се придржуваме до принципите REST, осигурувајќи дека нашиот дизајн на API е конзистентен и ги следи најдобрите практики.
Но, можеби највозбудливиот момент од овој месец беше сознанието колку имаме постигнато како тим од практиканти. Среќна сум што можам да споделам дека мојата кариера започна овде и официјално сум дел од тимот на IBORN. Овој последен месец беше кулминација на напорната работа и посветеноста што ги вложивме во нашите улоги, а тоа е доказ за фантастичниот тим и околината во која ја имав привилегијата да работам. Исполнета сум со благодарност за искуствата, знаењето и можностите што ги стекнав за време на мојата пракса овде. Благодарам уште еднаш и се гледаме! 🚀
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Ангела
Здраво пак!
Заврши и вториот месец од мојата пракса. Беше многу интересно и исполнето со предизвици. Работата на проектот стануваше поголема и сето научено досега требаше да го имплементирам, со цел да направам тестирање на фунцкионалностите. Во последните денови од месецот почнав со API тестирање и започнав со читање на документација и конфигурација на Cypress тестови.
Заедно со тимот, секојдневно комуницирајќи, доаѓаме до најдобро решение. Овој месец беше исполнет со многу нови знаења, прекрасна атмосфера и соработка - како со менторот, така и со членовите на тимот.
Stay tuned for month 3!
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Мартин
Епа последно здраво!
Третиот месец од праксата ми беше исполнет со работење на новиот проект - IBORN Perform. Се поделивме на user stories, односно епици и јас го работам епикот со Tribe Evaluations и Automatic Tribe Evaluation Cycles.
Одговараме на предизвикот и едноставно нема крај на учењето секој ден! ngRx и RxJs ни се стандард во фронт енд делот, а на бекенд продолживме со почитување на REST правила и unit testing за конкретните сервиси.
Како јаки страни на тимот ќе ја издвојам меѓусебната соработка која ни овозможува да зрееме на тимски и на персонален план. Има голема новост, ја продолжувам мојата соработка со IBORN и сум премногу среќен што станав дел од тимот.
Благодарам, се читаме во некоја наредна прилика ии идеме јако!
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Марија
Здраво пак! 
Заврши и вториот месец од мојата пракса. Успешно ги комплетирав курсевите кои што ми беа назначени. Но, како најзначаен момент од месецот би го одвоила (drumrolls): форирањето на трајбот IBORN Perform. Тимот со кој што заедно го оформивме овој трајб е исполнет со талентирани поединци и соработката со нив се одвива одлично.
Започнавме со изработка на интерен проект прилагоден да ги задоволи специфичните потреби на IBORN. Овој проект е можност за нас да ги примениме знаењата и вештините што ги имаме стекнато досега, но и секако - да се стекнеме со уште повеќе. За изработка на проектот, ќе ги користиме технологиите SpringBoot и Angular и ја усвоимве Agile Scrum методологијата за project management. Го започнавме проектот со дефинирање на персони, воспоставување пермисии и изработка на кориснички сценарија за да ги исполниме бизнис барањата на проектот.
Секој нов ден претставува нова можност за учење и уникатни предизвици. Нестрплива сум да видам како ќе се развива овој проект и како нашиот тим ќе се здружи за да се справи со предизвиците што ги нуди.
Поздрав, и се читаме следниот месец ✌️!
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Доне
Здраво од мене повторно! Вториот месец од праксата ми почна со kickoff на нов проект: iborn perform. Проектот го работиме со Angular и Јаva Spring и користиме Агилен пристап со SCRUM. Најпрво почнавме со презентација на проектот и разбирање на барањата кои треба да се исполнат. После тоа пишував user stories и сценарија, па по нивното завршување започнавме со кодирање.
При поставките на инфраструктурата на проектот се сретнавме со неколку предизвици како имплементирање на Single Sign-on и додавање на пермисии за да имаме успешна авторизација и автентикација, но ги решивме. Продолживме со set up на базата на податоци и креирање на иницијалните модели и креиравме CRUD методи за нив. Во текот на сето ова пишував и документација и unit тестови. Сега започнуваме со frontend делот од проектот.
Започнувањето на проект од почеток ми претставуваше шанса да се запознам со целиот процес на разбирање на барањата и поставување на инфраструктурата, нешто од коешто мислам дека многу научив. Како што најавив претходниот месец, поголемиот дел од вториот месец го поминав работејќи од канцеларија и имам само пофални зборови. Во тимот со кој што го работиме проектот владее одлична атмосфера и тимски дух, а и останатите колеги се супер.
Ви благодарам за вниманието, се читаме пак следниот месец. :D
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Марија
Здраво на сите!
Во вториот месец од мојата пракса во IBORN започнав со работа на реален проект – новиот вебсајт на IBORN, каде што имам можност да го применам и надградам знаењето кое го стекнав претходниот месец. 
На почетокот на овој месец, пред да започнам со работа на проектот, прво истражував и напишав неколку guides за мигрирање на content од друг CMS во Umbraco CMS, новитети во Umbraco 12 во споредба со верзија 10, миграција од SQLite во SQL Server и споредба на Umbraco пакети.
Новиот вебсајт на IBORN се изработува во најновата верзија на Umbraco .NET (ASP.NET Core) Content Management System. Најпрво започнав со инсталирање на најновата Umbraco Template верзија 12,  како база на податоци користам SQL Server, а потоа продолжив со имплементирање на content-от од стариот вебсајт.
Како и досега, атмосферата во канцеларија е позитивна и пријатна.
Поздрав од мене, се читаме во наредна прилика!
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Ангела
Здраво на сите!
Јас сум Ангела Милковска, апсолвент на ФИНКИ, и практикант за QA Automation Testing во ИБОРН. Во ИБОРН дојдов со голема амбиција и желба за напредок на професионален план. Многу сум среќна што сум дел од тимот. 
Најпрвин, би сакала да го споделам своето искуство за изминатиот месец. Ова е мое прво работно искуство. Првите денови од праксата ми започнаа со запознавање на алатката Redmine, која што е премногу корисна во проследување на работата и комуникацијата во тимот. Потоа следниот чекор беше потсетување на Git Tortoise и Bibucket. Исто така започнав со подетално ��чење на SQL, што ми даде подобар поглед во начинот на кој може да манипулираме со податоците. Тестирањето на апликации преку API беше нова концепција за мене, но со време стана јасно колку е важна за обезбедување на квалитетен софтер. 
Парарелно со слушањето на курсевите започнав со работа на мојот прв проект, Iborn Perform, кој што ќе го работам во текот на праксата. Напишав test scenarios, user stories и test cases, за да го опфатам проектот. За потребите на проектот исто така се запознав и со алатката TestRail, која што ми помага за подобра организација на тестирањето. 
Во ИБОРН владее позитивна енергија, колегијалност и добра околина заработа. Исто така сакам да се заблагодарам на мојот ментор Стефан за досегашната неизмерна помош. Ова беше многу продуктивен месец за мене, нестрплива сум да продлжам со мојот напредок. 
Благодарам, се читаме повторно следниот месец.
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Доне
Здраво на сите!
Јас сум Доне Стоилков, студент на ФИНКИ во последна година од студиите и од пред 1 месец практикант во ИБОРН. Дел сум од Јава Спринг практикантската програма. 
Праксата ја започнав со запознавање на алатката Redmine, па продолжив со потсетување на Git и Git branching моделот. Учев за SBE и имав мала задача да го употребам наученото во пракса и исто така сетапирав Bitbucket account.
После тоа започнав со гледање на курсеви, најпрво со 2 кратки курса за SQL каде што се потсетив на тоа што веќе го знаев, но и научив неколку нови работи поврзани со SQL. Следно гледав курс за Spring Boot со што имам искуство, но сепак го надградив моето знање со нови работи. Следуваше курс за Angular со кој што научив како треба да изгледа една фронт-енд апликација правилно и за најдобрите практики за пишување на кодот. 
Во последната денови од месецот започнав со работа на проектот кој што ќе го работам во текот на праксата. 
Освен техничкиот дел и учењето на праксата, за краткиот период кој го поминав во канцеларија се запознав со дел од колегите и можам да кажам дека во канцелариите има пријатна и позитивна атмосфера и I am looking forward to поминување повеќе време во канцеларија следните месеци.
Тоа беше се од мене, ви благодарам и се читаме во следна прилика. :D
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Александра
Здраво, повторно јас! 
Заврши и вториот месец од мојата пракса во IBORN. Овој месец целосно завршив со курсевите и започнав со практична работа на проект. Мојата задача беше да направам веб апликација каде претежно се посветив на фронт-енд делот. Апликацијата започнав да ја градам со помош на технологиите Angular и .NET. 
Работата на реален проект за мене беше можност целото знаење кое го стекнав за време на првиот месец од праксата, практично да го применам, а воедно и да го проширам.
Освен работата и целосната подршка од мојата менторка, морам повторно да ја нагласам пријатната атмосфера која владее во канцелариите на IBORN и не остава никого рамнодушен.
Тоа е се од мене, се читаме во следна прилика!
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Мартин
Здраво здраво,
Вториот месец од праксата ми помина во разрешување на некои PRs од миграцијата, но има нова вест, формиравме нов Tribe и почнавме со работа на нов проект Iborn Perform (Yesss). Како технологии ќе користиме Java Spring и Angular. Работиме Agile со Scrum имплементација.
Имавме успешен Kick-off и почнуваме со дефинирање персони, пермисии и пишување на кориснички сценарија. Духот на тимската игра преовладува и мислам дека ќе ја однесеме соработката на високо ниво. Работење на нов проект од почеток е многу убава шанса за напредок и учење, конкретно учеството во секој дел од градење на проектот.
Едвај чекам да се соочам со предизвиците што следат, го поздравувам мојот тим иии ..идеме јако.
Благодарам, се читаме во наредна прилика :D
Tumblr media
0 notes
iborndiaries · 2 years ago
Text
Дневникот на Марија
Здраво на сите!
Јас сум Марија Постоловска, апсолвент на ФИНКИ, воедно и ентузијастички практикант во IBORN кој сака да ги истражува сферите на технологијата и развојот на софтвер. 
Во текот на изминатиот месец, мојот фокус беше посветен на усовршување на моите вештини и проширување на моето разбирање за сложеноста на развојот на софтвер (и бркање на пинг понг топчиња).
Како за почеток на праксата започнав со изучување на алатката за менаџирање на проекти Redmine, како и со повторување и подетално проучување на Git branching моделот. Потоа продолжив со гледање на курсевите за SQL, со кои што успеав да го унапредам моето разбирање за управувањето и манипулацијата со бази на податоци. По завршувањето на овие курсеви, го гледав курсот за Spring Framework. Курсот го збогати моето разбирање за архитектурата на апликациите и моделите за дизајн и научив како правилно се структурира една апликација.
На крајот на месецот, почнав да го гледам курсот за Angular. Во текот на курсот научив како да креирам динамични и интерактивни веб-апликации користејќи ги компонентите, сервисите и темплејтите на Angular.
Покрај интезивното учење, морам да напоменам дека имав задоволство да запознаам нови интересни луѓе додека ја искусувам енергичната култура на компанијата. 
Благодарам, се читаме следниот месец ✌️!
Tumblr media
0 notes