Tumgik
#ихаха
annushka-world · 5 years
Photo
Tumblr media
#аватария #аватар #яаватар #ихаха #веселуха😂 #детствовопе (at Аватар Отель) https://www.instagram.com/p/B4gND2LHlCB/?igshid=1mjcuwtw510kh
0 notes
megjashi · 7 years
Photo
Tumblr media
Донирана хуманитарна помош обезбедена преку кампањата „Македонија со љубов за Алепо“ Хуманитарна помош и облека и обувки за 350 деца од пет центри за деца бегалци без родителска грижа сместени на граничната зона во Турција со Сирија, обезбедени преку кампањата „Македонија со љубов за Алепо“. 24 јуни 2017 ТВ21 „Тоа што ние го правиме за бегалците е симболично, а тоа што треба меѓународната заедница да го направи е тоа вистинското“, вели Јасмин Реџепи од невладината „Легис“. Тој додава дека успеале да обезбедат храна за да ги израдуваат бегалците затекнати во пред големиот муслимански празник Бајрам, со ручек и забава. „Интензитетот на празнување на празниците веќе е голем и се чувствува во двата центри, во Табановце и Гевгелија. Ќе имаат можност децата да се забавуваат утре и задутре“, заврши Реџепи. Претставници од „Легис“ и од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ од 20-22 јуни, за време на рамазанските пости, лично ги посетиле камповите за бегалци во граничната зона меѓу Турција и Сирија. Од Македонија на луѓето затекнати таму однесоа хуманитарна помош, облека и обувки за 350 деца од пет центри за деца бегалци без родителска грижа. „Во еден момент слушнав пукотници и слушнав што се случува, ми кажаа дека тоа се случува многу често. Не можев да верувам дека границата е блиску и изѕидана со ѕид. Ми беше тешко што тие луѓе се само 2-3 километри далеку од својата држава, а сепак живеат надвор од неа“, истакна Драги Змијанац. Хуманитарната помош е обезбедена преку средстава собрани од граѓаните на Република Македонија за време на кампањата „Македонија со љубов за Алепо“. Претставници на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ и „Легис“, кои се организатори на кампањата, од 20-22 јуни годинава лично ги посетиле камповите. Претседателот на „Меѓаши“ Драги Змијанац, рече дека со акцијата „Македонија со љубов за Алепо“ македонските граѓани покажале дека се хумани. – Не само што испратиме помош и поддршка, туку и љубов на лице место, во пограничниот град Рејханли каде 90.000 луѓе згрижија околу 120.000 соседи од Сирија погодени од војната. Посетивме пет кампови на деца без родителска грижа и неколку семејства, рече Змијанац на денешната прес-конференција. Посочи дека одзивот за акцијата бил супер и имале активности во Скопје, Дебар, Гостивар, Тетово, Струга и Велес. – Беа вклучени градовите и нивните училишта. Собравме околу девет илјади евра. Нашите трошоци ги покривме од нашите организации, а целата сума на собрани средства од граѓаните ја префрливе директно на турската организација „Ихаха“, каде преку договор со нив, обезбедивме хуманитарна помош за децата, изјави Змијанац. Хуманитарната помош е обезбедена преку средставата собрани од граѓаните на Република Македонија со кампањата „Македонија со љубов за Алепо“, организирана од „Легис“ и Детската амбасада Меѓаши, од февруари 2017 година. Арбана Ќерими
0 notes