Tumgik
#Солза
kambalka · 8 months
Text
sketchfab
Chained boat. Solza. by kambalka on Sketchfab
0 notes
nade2308 · 1 month
Text
Tumblr media
Не мислев дека толку брзо ќе ја прочитам, а пред да почнам си велев а шо ако не стигнам до вторник (за промоцијата кај нас), и ете бидна, ја прочитав. Во еден здив, без да застанам.
Колку тага и црнило во душата можи да носи еден чоек, а да не се скрши?
Обожавам да читам вистински приказни, ама ко ќе се работи за некој чоек шо си го знаевме кај нас во градо како чоек шо секогаш имаше шо да кажи, некако поинаку делува приказната. Си велиш, не можи ова на наш чоек да му се има случено, то е просто за неверување, колку му било тешко сето то да го чува внатре толку време. Ама ете така било, и после како да не пуштиш солза и да не си спомниш за некој твој шо има заминато, а си го сакал многу?
Приказната на моменти весела и полна со љубов, на моменти обвиена со тага и непребол.
Прекрасно и емотивно завештание шо се надевам многу луѓе ќе го прочитаат и ќе им остани во сеќавање и ќе му кажват и на други луѓе за книгава, та и тие да осознаат.
1 note · View note
info-vault · 8 months
Text
0 notes
sonilirealnost · 1 year
Text
Да бев барем она малце од чудовиште што ме направи, немаше ниту една солза да пролијам за тебе.
0 notes
citynewsmk · 2 years
Text
Екскузивно интервју со Лара Иванова: Секогаш можам да пуштам солза на..
Екскузивно интервју со Лара Иванова: Секогаш можам да пуштам солза на..
800мкд – можност за одложено плаќање на фактура. Контактирај не +389 71 85 99 06 или [email protected] Кажете ни нешто повеќе за себе…-Јас сум 18-годишна средношколка која го сака сето она што го сакаат и моите врсници. Ја обожавам музиката, се занимавам со балет, сакам да сликам, да читам книги, да гледам филмови, да се дружам со своите врсници.Често споделувам на социјалните мрежи за сето она…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
kabzon642642 · 4 years
Photo
Tumblr media
Из под снега нарою морошку, отогрею и высосу сок... #солза #кудьма #кудемскиеболота #белоеморе https://www.instagram.com/p/CDE_rLsh0PF/?igshid=i67ykypwcq9l
0 notes
bregalnicki · 3 years
Text
Солза Грчева: Имаме сознанија за увозни гласачи во општина Центар. Ќе се испита таа работа
Солза Грчева: Имаме сознанија за увозни гласачи во општина Центар. Ќе се испита таа работа
Центар, треба да жали што проф. Наташа Котлар не победи, а имаше шанса да биде одличен градоначалник. Но, Центар е и единствената општина каде и Данела изгуби од Шилегов. Прво, тоа е последното и најсилно упориште на СДС, а второ имаме сознанија за увозни гласачи токму тука. Ќе се испита таа работа. На сите наши советници чии совети од денес се конституираат, посебно на оние од Глас за…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
rebelwith0utacause · 3 years
Video
youtube
Без љубов знам ќе те проголта овој град без гордост и без срам, Ќе останеш без дела за вреднување, ќе останеш без моќ и магија било што да промениш, пушташ солза, не знам што сокрива дали немоќ или желба за одмазда.
2 notes · View notes
inh-exhl · 4 years
Text
УТРЕ
Да, се мина веќе и свршено се’ е.
Се’ ко молња денес згасна во темнината.
Па сега сум море каде пустош тлее
и солза сум само в зеница истината.
Можеби за болот друго срце треба
и тагата да е лач на месечината,
можеби јас нема да се најдам себе,
можеби... Но слеј се, слеј се со тишината.
И заборав утре кога ќе ме скрие
и сто сонца светнат над нас во висината –
во моите очи еден зрак ќе бие,
една жива струја и дах на вистината.
„Слеј се со тишината“ (1955) - Ацо Шопов (20.12.1923 - 20.04.1982)
6 notes · View notes
megjashi · 2 years
Photo
Tumblr media
Евридика Шашкова: „Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ - моја лична скапоцена историја“ На детската земја веќе одамна не се чувствувам како вонземјанин. Сега кога ќе се сетам на мојата примарна фасцинација од апсолутноста на една толку едноставна, а по својата порака толку грандиозна синтагма - се наежувам, сосема исто како и првиот пат кога ја слушнав. „Ништо на светот не вреди колку една детска солза“. Ми се залепи за срцето, ми се пикна под кожата... Во тие рани 90-ти години бев адолесцент кој (по дифолт на возраста) трагаше по трајните вредности на постоењето. Но, во тие години и јас, и дел од вас, драги пријатели, бевме во константен шок од силината на военото лудило и од девастирањето на сите оние цивилизациски придобивки, кои дотогаш нам и на Европа ни беа заеднички именител. И токму тогаш, постојаниот порив - на злото да му се одговори со најдоброто од себе - ме однесе директно во тогашната, метар на метар, канцеларија на бул. „Илинден“ бб. Зад канцеларискиот намештај, кој очигледно бил последен крик на дизајнот некаде во средината на ʼ70-тите години на минатиот век и веќе беше подлегнал на забот на времето, седеа Горде и Драги (Змијанац, претпоставувате). Кога и денес, по толку поминато време, го прераскажувам овој момент, честопати не велам седеа, велам светеа. Однатре, од душа. Во колективниот балкански мрак што ни го темнееше духот на дневна основа, јас си видов моја иницијална светлина токму во зградата на некогашната Це-Ка и токму зад стариот мебел над кој имаше купишта материјали. Да не фетишизираме, она што толку силно зрачеше, всушност, беше најблагородната идеја која ги поведе Змијанци во авантурата што и до денес трае: да се биде мисионер за заштита на децата и нивните права, за почитување и развивање на нивните личности... А, ме поведе и мене, богами, со целата своја магнетна сила. Сето останато е моја мала, лична, но скапоцена историја... На детската земја веќе одамна не се чувствувам како вонземјанин, зашто по сета борба да се стаса секаде каде што треба да се подели хуманитарна помош и да се ублажи детската траума (во тоа време особено на децата – бегалци од војната во БиХ), да се пишува за детските судбини (првите билтени се дел од мене) или, пак, да се помага од седиштето на ПРВАТА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ и оттаму да се „пука“ кон светот со сите расположливи средства на алтруизмот, ме прави вистински сојузник на детскиот народ и верен чувар на нивните права и нивниот мир. И тоа поради наједноставната можна причина: „ништо на светот не вреди колку една детска солза“. Сè уште мислам така. (Евридика Шашкова, новинарка, член на Собранието на Прва детска амбасада во светот МЕЃАШИ - Република Македонија) **** Монографијата можете да ја прочитате на следната страна bit.ly/3MuRkxa
0 notes
kambalka · 8 months
Text
sketchfab
Rust tank. Solza. by kambalka on Sketchfab
1 note · View note
webohrid · 3 years
Text
Одбележана годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“
Одбележана годишнината од потонувањето на бродот „Илинден“
Со полагање на свежо цвеќе пред спомен обележјето на жртвите од бродската несреќа „Солза на Роза“, вчера, беа одбележани 12 години. Делегацијата на општина Охрид ја предводеше заменик – градоначалникот Ристе Николески. – Денес се одбележуваат 12 години од потонувањето на бродот Илинден во Охридското езеро. Пред една години се постави споменикот во чест на починатите во несреќата. Тој ден и…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
sonilirealnost · 2 years
Text
Љубов чиста како солза.
8 notes · View notes
citynewsmk · 2 years
Text
Солза Грчева за Лидер: Уставниот суд не може да биде жртва заради Фадил!
Солза Грчева за Лидер: Уставниот суд не може да биде жртва заради Фадил!
Поранешната пратеничка во македонскиот Парламент Солза Грчева и претседателка на партијата Глас за Македонија, смета дека пратеникот Фадил Зендели веднаш треба да биде разрешен од претседател на Комисијата за избори и именувања и час посокоро Уставниот суд да работи во полн состав.Вели, често пати греши власта, најчесто, но и опозиција сега одбрала лош момент за да ја блокира токму таа…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
gradinar11 · 6 years
Text
Пред огледалото засрамено застанав бавно следејќи го разретчениот патец на мојот скалп пуштив солза поради неспособноста на сопствената надворешност да губам време немајќи повеќе сила да го следам темпото на нејзиното опаѓање ниту пак за стресот   кој секое изгубено влакно ми го налеваше уште рано наутро и проклето си се прашував зошто сме смели само да зјапаме во нешта кои се пријатни за нашето око ? ........ застанав повторно пред огледалото од својата соба и овојпат не пуштив солза , овојпат во непрекинат тек почнав да липам   гледајќи ги изгубените влакна од черепот како тажни мигранти, приморани да го напуштат сопствениот дом
3 notes · View notes
buntovnikmk · 3 years
Text
ОСУМ БИГОРИ НА МАКЕДОНИЈА
Во долгата македонска историја, сиот наш народ, преживеал разни политички превирања и турбуленции.
Би било непотребно да ги набројуваме ред поред собитијата во минатото; во секое зло има  добро, но, и во секое добро – има зло – таква е воинствената борба.
Со Илинденско-Преображенското востание, од Мариовско до Странџа се слушал крикот на поробениот народ. По Првата светска војна, одново се најдоа нови вождови, нови Делчеви, Татарчеви и Груеви, коишто го поведоа народот во нова борба против пакосниот поробител од Пчиња на север до Хилендарскиот манастир на југ, и од Охрид на запад до Кавала на исток.
Фамозните низ сиот свет Младотурци и нивниот преврат против апсолутизмот од 1908 г., кога на мошне перфиден начин, им дале азно на алчните и лакомите „борци” и „револуционери”; таквите т.н. борци, ги замениле манлихерите и берданките, со Отоманскиот парламент, за наводно извојување на автономија на Македонија и Одринска Тракија. Уште оттогаш датира, оној подмолен чин, со „замајување” и популизам, каде што на нашиот народ му е ветена слобода, а всушност, тие „под завесите” си ги вршеле своите злокобни работи за лични цели. Идентично нешто ни се случува и нам ден-денес, кога т.н. политичари ни ветуваат достоен живот, силна и здрава нација, а всушност, освен предавства, кризи, сиромаштија и лелекања – друго немаме почувствувано.
Дојде и таа 1991 година, кога македонскиот народ ја изгласи независноста и сувереноста на својата Македонија, но, каде беше оној револуционерен дух, онаа стихијна борба во полет, кога младите припадници на ММТРО ѝ нанесуваа татнеж на српската жандармерија; каде беа лидерите македонски, коишто си се прокламираа, како идеолошки наследници на некогашното славно ВМРО – го немаше веќе тој дух, сѐ згасна. Која е причината? Дали ќе добиеме одговор? – Македонија во времето на јудејската творба наречена „комунизам” доби нов кулис – културно-идентитетска промена; т.н. комунизам, оркестриран од српската рака.
Tumblr media
Македонците ја добија можноста да градат држава, но, колку ли сме го валоризирале трудот на некогашните борци-комити? Пред Македонецот во 2001 година, одново се исправи нова бариера – војна – уште колку ли ќе ги има? Го преживеа македонскиот народ Солунскиот фронт, ги преживеа трите битки кај Дојран, доживеавме тотален разор, но повторно се издигнавме – сега пак ли? Ќе пролие ли овој пат, црвена солза Шар Планина? Во еден од погорните пасуси, ги наведовме Младотурците и „борците”; и тогаш му беа ветувани слободи на нашиот народ, но, овде разликата е, тоа што, конечно си имаме своја (наводно) држава. Тогаш, идните федералисти, комунисти и социјалисти ја распарчија револуционерната организација, тогаш, таа го изгуби своето „реноме” и престиж пред народот, но, се најдоа нови вождови, кои го поведоа народот. Во 2001 година, и по неа, каде се тие лидери? Кога ќе ги добиеме? Но, ајде да го посветиме овој мрачен и тажен ден од нашата историја, на осумте бигори на Македонија! „Пролетва на Скопска Црна Гора и Шара, наместо кокичиња 'ртеше највеличественото македонско достоинство кое се полева, а можеби и ќе се полее и со мојата младешка крв без да го почувствувам вкусот на плодовите. Ќе биде како што Бог сака?!“ Неколку часа пред масакрот, еден од припадниците на БСН „Волци” – Игор Костески, си го запиша ова, во својот нотес, којшто постојано го носеше со себе. Во тие денови, пристигнаа разузнавачки информации, од т.н. „функционери”, коишто дадоа „знак”, дека сиот терен е „чист”. Така, припадниците беа сигурни, дека може да се дејствува. Осум припадници од Баталјонот за специјални намени „Волци“ при АРМ и осум од Посебната единица на СВР Битола, во 17 часот тргнале на задача од касарната во Тетово и требало да се вратат околу 20 часот. Биле распоредени по четворица во две лада ниви и два хамера. Пред с. Селце се сретнале со друга патрола, којашто им сугерирала, дека нема потреба да одат во с. Вејце – одлучно го одбиле овој совет и професионално продолжиле нанапред. Во околу 17:45 часот на патот помеѓу селата Селце и Вејце - Тетовско, патролата навлегла во тесна, непрегледна кривина, засечена од двете страни со косини до три метри височина.
Tumblr media Tumblr media
Кога првите три возила навлегле во кривината, во вид на потковица, од три страни биле нападнати од терористите. Се пукало од зољи, снајпери, бомби, рачни минофрлачи, пиштоли и друго автоматско оружје. Се пукало без престанок од 17:45 до 18:20 часот. Припадниците на безбедносните сили биле изненадени и неподготвени, но сепак почнале да излегуваат од возилата и да даваат отпор, но станале отворени цели, така што многумина веднаш биле смртно погодени. Нема потреба да ја раскажуваме сета трагедија, којашто засекогаш ќе остане загонетна – целта на овој текст, би бил пред сѐ, да се запрашаме: Каде се сега тие убијци? Дали некои од нив се во Собранието? Дали некои од нив ги добија заслужените казни? Целта, на нас од „Бунтовник” ни е, како со овој текст, така и со претходните и оние што надоаѓаат во иднина, кај човековото битие, да поттикенеме размислување за многу дискредитирани и маргинализирани теми, како во нашето општество, коишто се поврзани со македонската историја, така и на глобално ниво! Да им одадеме почит и вечна им слава на: Роберт Петковски, Бобан Трајковски, Миле Јаневски, Игор Костески, Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.
Tumblr media Tumblr media
0 notes