Tumgik
#превенција
gostivarpress · 2 months
Text
Од денеска се воведува целосна забрана за движење во шумите
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, по барање на ЈП „Национални шуми“, донесе одлука за воведување на целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште на територијата со која управува ЈП „Национални шуми“. Оваа мерка се воведува со цел превенција од појава на шумски пожари на отворен простор, согласно членот 57, став 3 од Законот за шумите. Забраната стапува на…
0 notes
embassy-m · 4 months
Video
youtube
ЛОКАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ ВИНИЦА – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА“
ЛОКАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА „ ВИНИЦА – ОПШТИНА ПОСВЕТЕНА НА ДЕЦАТА“ Локални власти, претставници на воспитно – образовниот кадар, претставници од институции, НВО, младински организации, ученици, млади и деца од општина Виница беа главните говорници на локалната конференција „ВИНИЦА – Општина посветена на децата“. Оваа конференција има за цел да промовира инклузивна и поддржувачка средина за децата со споделување на веќе постоечки позитивни практики за детско учество во општина Виница. Како гости на конференцијата учествуваа Општина Кисела Вода и Општина Велес кои исто така се вклучени во проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“, имплементиран од Прва детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“ и Центар за семејно и детско згрижување КМОП – Скопје. Конференцијата ја отвори Драги Змијанац - Претседател и основач на Прва детска амбасада во светот „МЕЃАШИ“, кој се задржа на важноста на учеството на децата во процесите на донесување одлуки. Говореше за неговото досегашно учество во локалното одлучување и даде идеи како општините можат да ги вклучат децата и младите во носењето одлуки. Директорката на Центарот за семејно и детско згрижување КМОП – Скопје, Кристина Василеска ги запозна присутните со проектот и неговото значење за општините. Градоначалникот на општина Виница, Миле Петков, истакна дека општината е секогаш подготвена да ги отвори вратите во однос на секоја тема поврзана за децата, а пред се, посебен акцент даде на квалитетното образование, подобрите услови во училишта и безбедност, можноста за одлучување на младите преку локалниот младински совет и други форми на организирање на младите како што се активните младински организации. Градоначалникот се осврна и на делот за целосна поддршка во процесот на изработка на стратегијата за деца, која ќе претставува додадена вредност во изнаоѓање на донатори и партнери за идни проекти. Александар Јованов, советник во Советот на општина Виница ја потврди одлучноста на советниците да ја поддржат стратегијата за деца, како многу важен елемент во донесување на одлуки во врска со потребите на децата во локалната заедница и ги истакна досегашните проекти и достигнувања во областа како и идните предизвици. Претставникот од Општина Кисела Вода ги истакна реализираните проекти во општината во однос на децата и младите и детското учество. Се осврна на идните планови и активности на општината и истакна колку е важна меѓуопштинската соработка во размена на искуства и пошироко влијание во развојот на сознанијата и вештините кај младите, како и можностите за заеднички проекти помеѓу Општина Кисела Вода, Општина Велес и Општина Виница од областа на детските права и детското учество. Во првиот дел од конференцијата се зборуваше за грижата за менталното здравје на децата и младите, детските активности во предучилишното образование, можностите за раст и развој на децата со попреченост и нивната инклузија преку здружението „Детелина“ како и за младинскиот активизам во рурална средина, преку неформална младинска организација во село Градец. Во вториот дел од конференцијата се зборуваше за волонтерските акции на млади од Црвен Крст - Виница, младински активизам и средношколско учество, мировно образование, социјална и примарна здравствена заштита на децата како и едукативна превенција за безбедност во заедницата. Младите и децата имаа носечка улога на оваа локална конференција како модератори и волонтери. Беа присутни ученици од две основни училишта – ООУ „Гоце Делчев“ и ООУ „Славчо Стојменски“ и средното училиште „Ванчо Прке“, кои преку пишување на литературен есеј на тема „Виница - Општина во која сакам да живеам и растам“, опишаа како ја гледаат иднината во нивниот град. Напишаните есеи ги доставија до Градоначалникот на Општина Виница со цел нивните детски визии да бидат земени предвид при градење на општина која е по мерка на децата и истите да бидат приоритет при планирање на идни програми, буџети и проектни активности на општината. Оваа конференција претставуваше уникатна и несекојдневна можност да се слушне и научи од искуствата и практиките помеѓу локалните самоуправи на Виница, Кисела Вода и Велес а воедно и да се споделат визиите, предизвиците и можностите на општините во насока на промовирање, остварување и заштита на правата на децата преку форми на меѓуопштинска соработка и партнерства. По конференцијата се одржа и локална панел - дискусија составена од претставници на локалните власти, воспитно - образовниот кадар, граѓански организации, Совет на родители во училиштата, младински организации и други чинители во рамки на општината. Панелот ќе биде посебно координативно тело во рамките на општината, кое ќе обезбеди структурирана и фокусирана работа поврзана со правата на децата и донесувањето на локалните стратешки планови и ќе овозможи креирање на стратешки план за општина Виница со цел унапредување на правата на децата и нивно вклучување во локалното планирање. Настанот се одржа на 30 мај 2024 година, во Едукативен центар – Прогресив Академија
0 notes
megjashi · 4 months
Video
youtube
(via „Амбер алерт“ во Македонија е во почетна фаза но во практика не би функционирал ефикасно)
„Амбер алерт“ во Македонија е во почетна фаза но во практика не би функционирал ефикасноЕнџи Николоска 26.05.2024 20 Системот „Амбер Алерт“ во Сад функционира од 1996 година, по исчезнувањето на деветгодишното девојче Амбер Хагерман од Тексас, која била киднапирана додека возела велосипед, а потоа и убиена. Телото на Амбер, фрлено во поток, на околу десетина километри од паркингот каде Амбер била киднапирана го нашол случаен минувач пет дена по киднапирањето. Во Македонија пак, во овој момент го има системот за исчезнати деца во форма на веб страна „Најди ме“ и соработуваат со министерството за внатрешни работи, образование и наука како и труд и социјална политика. Првиот човек на детската амбасада Меѓаши во телефонски разговор за Тв 24 вели дека се создава заблуда дека „Амбер Алерт“ функционира во Македонија. Змијанац потенцира дека го известиле МВР уште во декември минатата година, но оттаму добиле одговор дека се уште немаат доволно информации за функционирањето на системот. „Бевме навистина изненадени дека еден ваков важен систем не е воспоставен по тие барања кои ние ги воспоставивме“, вели Драги Змијанац-основач и директор на првата детска амбасада Меѓаши. Од Меѓаши апелираат европскиот број за исчезнати деца 116000 да се усвои и кај нас. Велат сложена е постапката за овој систем, бидејќи треба да се најде мобилен оператор за линиите да бидат бесплатни и операторите да ги покријат услугите. Денеска, сајбер просторот е најголемата закана за киднапирање, сексуално злоупотребување на децата. Од детската амбасада алармираат дека и воспитно-образовниот процес треба да ја подигне свеста на поголема превенција. „Детската амбасада Меѓаши е во контакт со својата партнерска организација од Србија, за исчезнати и злоставувани деца-директно со Игор Јуриќ татко на киднапираното девојче Тијана, по чија смрт се донесе и Тијанов закон и Амбер Алерт се донесе како систем во Србија. Од нив сме информирани дека Амбер Алерт подразбира и систем на процедури и формално правни акти со кои државата се обврзува да го спроведе системот на рано предупредување и алармирање до медиумите, банките, аеродромите, автобуски постојки, државен и прватен сектор за навремена дојава до надлежните и државни органи“, вели Драги Змијанац-основач и директор на првата детска амбасада Меѓаши. Игор Јуриќ чија ќерка Тијана беше киднапирана и убиена дојде во Скопје по киднапирањетон на Вања. Тогаш в интервју за ТВ 24 истакна дека личната загуба била поттик за носење на таканаречениот закон на Тијана во 2015 година, со кој се воведе доживотен затвор за најтешките кривични дела. Порача дека случајот со Вања е аларм за итни чекори во заштитата и законодавството во Македонија. Igor Jurić – Centar za nestalu i zlostavljanu decu Со исчезнувањето на Данка Илиќ, за прв пат минатата година се активираше системот „Алберт Алерт“ во Србија. Хрватска пак, од 2022 година го има Нено аларм. Со исчезнување на дете, хрватските власти ја известуваат компанија Мета и преку социјалните мрежи информацијата стигнува до граѓаните на 60 километри од местото каде што детето последен пат е видено. #MissingChildrensDay
0 notes
mnaasilveira · 9 months
Link
0 notes
portaltvpljevlja · 10 months
Link
Предавање др Грбовића у Гимназији – „Превенција карцинома грлића материце и карцинома дојке“ - ...
0 notes
webohrid · 1 year
Text
Обука за подготовка на раководниот и командниот кадар на Општина Охрид за заштита и спасување
Подготвка на раководниот и командниот кадар од просторните сили за заштита и спасување, во делот на превенција и делување во случај на природни непогоди и други несреќи, беше целта на обуката која беше организирана денеска во Општина Охрид. Обуката ја спроведе Центарот за обуки при Дирекцијата за заштита и спасување и на неа учествуваа вработени во Локалната самоуправа кои се членови на Кризниот…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
bregalnicki · 2 years
Text
Превентивна активност на ОВР Делчево за безбедно патување во зима
Превентивна активност на ОВР Делчево за безбедно патување во зима
Вчера (27.11.) од полициски службеници за превенција од Одделението за внатрешни работи Делчево беше спроведена превентивна едукативна активност реализирана во селото Очипала, делчевско, како и во Делчево, на тема посветена на сообраќајната безбедност, а под мотото – “Биди подготвен за безбедно патување во зима“. Притоа, на возачите им беа делени летоци со едукативна содржина за важноста на…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
erikrunner · 3 years
Photo
Tumblr media
Viki vo epizodata “Eden den na rabota so...”
Prevzemeno od stranata na East Gate
East Gate Creators – Виолета Шестаков
Разговараме со Виолета Шестаков – Главен машински инженер во Скопје Ист Гејт чија специјалност се дел од најризичните инсталации (греење, ладење, климатизација, вентилација и спринклер системот), вклучувајќи и техничка поддршка на тимот за координација на закупците.
МОЈОТ ДЕН НА РАБОТА Доаѓам со полна енергија на работа. Самиот обем на активности е застрашувачки голем, но за мене предизвик кој го прифатив со задоволство. Моја одговорност е објектот да има одлична климатизација, вентилација и свеж воздух, за закупците и посетителите да се чувствуваат комфорно во секоја сезона и секако најголемата одговорност е да се обезбеди превенција и заштита од пожар. Поради самата обемност и зависност на активностите едни од други, во блиска секојдневна соработка сум со надзорните инженери и изведувачи како и сите останатите фази и дисциплини.
Tumblr media
МОЈАТА РАБОТА се базира на планирање, координација, проверки на техничка документација, инспекции на материјали, теренски контроли, преглед на цртежи и компарација на истите со изведена состојба, притоа обрнувајќи внимание на квалитетот и начинот на изведба.
Tumblr media
МОЈАТА ПОЗИЦИЈА бара огромен фокус и внимателност при извршување на работните задачи, со посебено нагасување на проверките и инспекциите кои ги правам во неколку наврати, што е клучно за добро инсталиран и функционален систем. Дневно сум во координација со од 8 до 88 луѓе. Во зависност од потребата на работните задачи, најпрвин се прилагодувам и фокусирам на задачата со најголем приоритет. Сѐ е многу динамично и бара стопроцентна концентрација и присутност секаде. За мене нема проблеми, има само секојдневие и предизвици во тоа секојдневие.
Tumblr media
СО МЕНЕ НОСАМ 4 годишно професионално искуство како машински инженер во изведба. Се усовршував учествувајќи во врвни проекти како Џевахир Скај Сити, обуки во Турција во академијата на Арчелик- Беко, активна партиципација и учество при изведба на HVAC ситемите во Романија, во рамки на проектот Artic Diamond Washing Machine Factory, за сега да се најдам на најпрестижниот проект во регионот – ИСТ ГЕЈТ МОЛ.
НАЈГОЛЕМ ПРЕДИЗВИК ВО РАБОТАТА претставува докажувањето, најпрвин пред самиот себе а потоа и пред сите останати колеги, професионалци, инженери како и менаџерскиот тим, дека соодветно можеш да го сносиш товарот на одговорноста што ти е доделена. Да се работи на Ист Гејт Мол е најголемата чест за еден инженер, привилегија и огромна одговорност.
Tumblr media
ЗА МЕНЕ ИСТ ГЕЈТ МОЛ е новиот центар на градот! Најголем урбан шопинг мол дизајниран по највисоки стандарди. Ново позитивно искуство, различно од досегашните. Среќна сум што сум дел од стручниот и врвен тим на професионалци од кои учам секој ден, и интензивно напредувам и се надоградувам.
МЕ ВООДУШЕВУВА тоа што оваа компанија и инвеститорите даваат еднакви можности за сите, за личен, општествен и професионален развој иако инженерството е типично за “посилниот” пол. Со ваков пристап се постигнува целта, да бидеме подобро општество со еднакви можности.
Tumblr media
1 note · View note
vaseljenska · 7 years
Text
Од чега најчешће оболевамо у Србији
Од чега најчешће оболевамо у Србији http://www.vaseljenska.com/vesti-dana/od-cega-najcesce-obolevamo-u-srbiji/
0 notes
citynewsmk · 3 years
Text
Што сѐ е потребно при евентуален нуклеарен напад во иднина?
Што сѐ е потребно при евентуален нуклеарен напад во иднина?
Со разгорувањето на руско-украинската криза, според многумина, може да порасне и можноста и опасноста од евентуална нуклеарна војна. Како превенција, Федералната агенција за управување со вонредни состојби на САД (ФЕМА) посочи список залихи и предмети коишто луѓето треба да ги имаат при рака во случај на вонредна состојба, освен засолниште… Списокот се состои од: – Три литри вода по лице ќе…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
gostivarpress · 2 years
Text
Полицијата во Гостивар и Тетово ги посети тезгаџиите и трговците: Не продавајте петарди!
Полицијата во Гостивар и Тетово ги посети тезгаџиите и трговците: Не продавајте петарди!
Полициски службеници на СВР Тетово-Отсек за превенција  вчера (18 декември) од 10 до 14 часот спроведоа  конкретни превентивни активности на планот на откривање, спречување и санкционирање на нелегалното набавување и продажба на петарди и други пиротехнички средства во Гостивар и Тетово. Како што информира полицијата, во Гостивар во овој период беа посетени повеќе импровизирани тезги за продажба…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
embassy-m · 6 months
Text
Водич за превенција и справување на насилството во училиштата на Меѓаши: Децата треба научат да препознаат насилството и да не го поддржуваат
Водич за превенција и справување на насилството во училиштата на Меѓаши: Децата треба научат да препознаат насилството и да не го поддржуваат К.И. Меѓаши го промовираше Водичот за превенција и справување на насилството во училиштата/ Фото: МИА Целта е да се препознава насилството, да не се поддржува, да се реагира соодветно и да не се биде соучесник, изјави Змијанац Ако децата не го…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
megjashi · 6 months
Text
Водич за превенција и справување на насилството во училиштата на Меѓаши: Децата треба научат да препознаат насилството и да не го поддржуваат
Водич за превенција и справување на насилството во училиштата на Меѓаши: Децата треба научат да препознаат насилството и да не го поддржуваат К.И. Меѓаши го промовираше Водичот за превенција и справување на насилството во училиштата/ Фото: МИА Целта е да се препознава насилството, да не се поддржува, да се реагира соодветно и да не се биде соучесник, изјави Змијанац Ако децата не го…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes
mnaasilveira · 9 months
Text
Превенција против жртава упозорења
______________________________________________________________ Осветљење Cавести ће се десити за све особе зрелог доба без обзира на њихову веру. Два релевантна одломка из чланка Упозорење о жртвама: Други ће бити толико болесни и шокирани начином на који ће њихови греси бити откривени да ће пасти мртви пре него што буду имали прилику да затраже опроштај. Исус сада тражи од свих да се моле за…
View On WordPress
0 notes
4452333 · 3 years
Text
Гласине и истина о ЦОВИД-19 Написао Дyланали Током друге половине 2019. године, неочекивана пандемија коронавируса напала је земљу, заразивши 230 милиона људи, показују подаци СКО, одневши животе четири,7 милиона. Вирус изгледа као корона под микроскопом научника, отуда и име Коронавирус.Коронавирус је распрострањене природе, а већина њих је безопасна. Међутим , ЦОВИД-19, такође шкрт као САРС-Цов-ИИ, трећи је тип коронавируса који доноси катастрофе људском бићу. Први је САРС, а други МЕРС. Стари су велике жртве ЦОВИД-19 и умиру углавном од губитка функције плућа и компликација изазваних хипоксемијом итд., остављајући људе у првој пандемији раширеној у деветнаестом веку од шпанског грипа 1918.Нажалост, цео свет не може да се уједини у борби против ЦОВИД-19, али ми смо у беди кривице и штете. Оно што се дешавало од избијања ЦОВИД-19 је исто као оно што је предвидјено у догађају 201 који су организовали ЦДЦ и ЦИА 18. октобра 2019. године, руммор је доминирао интернетом и сваким кутку друштва, због чега је мало вероватно да људи могу да кажу истину из лажи. На пример, на Википедији је чак направљен налог за "дезинформације ЦОВИД-19", који садржи гласине да је"вирус процурео из кинеске лабораторије", "5G мобилна мрежа је модификовала вирус", "вирус су донели метеори", "вирус је процурео из канадске лабораторије". Истовремено , портпароли Министарства спољних послова КРП-а су пали он је за истраживање окривио изузимање биолошког и хемијског оружја (Форт Детрик) у САД и професора Барића који је такође именован за оца ЦОВИД-19. Због тога су лидери и научници тако узрочни када говоре о ЦОВИД-19. Љта је права истина? Донедавно нам тамна веб трансакција указује на то да је хакер под надимком "АнгелТруМП" продао шпијунску базу података "Пегасус АПП" коју контролише израелска обавештајна агенција по цени од два битбоина. Израел има задатак да користи апликацију за надгледање милиона лидера и владиних званичника у различитим земљама искоришћавањем иМессенгинга нултим кликом. Подаци које је продао "АнгелТрумп" били су управо дневник позива америчких савезника. Неко је купио базу података и уклонио евиденцију позива везану за ширење ЦОВИД-19, која бележи детаље инфекција федералног тла и њихових породица током Игара у Вухан Кини у октобру 2019. године, у распону од имена земљишта и њихових телефонских нунција. Покушавамо да ступимо у контакт са тим тлом забележеним у бази података и проверимо симптоме поменуте у дневнику, које је, међутим, зауставио обавештајац из копнених снага. Видимо да покушава да покрије оно што бележи у бази података. Зато мислимо да су записи аутентични, и бар показују да је вирус био у Америци пре него што је Вухан пронашао ЦОВИД-19 и америчко тло отишло на седме Војне игре у ЦИСМ-у. На основу информација које већ знамо, тешко је поверовати свету иако је амерички политичар окренуо прсте ка лабораторији Вухан у Кини, попут Трампа, да вирус процури. Стога је Амада Моодие, истраживачица Центра за проучавање оружја за масовно уништење на Националном колеџу одбране, реформисао речи у "ПОРЕКЛО ЦОВИД-19 И ПРЕВЕНЦИЈА СЛЕДЕЋЕ ПАНДЕМИЈЕ" извештај према којем биосигурност и биосигурност добијају значајну пажњу политичара на највишим нивоима међународних организација, али та свест не мора нужно да се преведе на акције на националном нивоу за управљање биолошким ризиком и обезбедити заштиту од
0 notes
webohrid · 2 years
Text
СВР Охрид започна со реализација на Проектот „Стоп за говорот на омраза“
СВР Охрид започна со реализација на Проектот „Стоп за говорот на омраза“
СВР Охрид денеска (26.10.2022) започна со реализација на превентивно-едукативниот проект „Стоп за говорот на омраза“. Полициските службеници од отсекот за превенција при СВР Охрид со учениците во прва година од Електро-машинскиот училишен центар „Свети Наум Охридски“ во Охрид, имаа интерактивен час за препознавање на елементите на говор на омраза, но и за потребата од меѓусебно почитување односно…
Tumblr media
View On WordPress
0 notes